Утрински Весник
Македонија

Граѓаните ја почитувале забраната за движење во Кичево

Во Кичево целосно се почитува полицискиот час

Кичево, 13 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид каде што спаѓа и Кичево е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 19 часот на 12 април, до 7 часот следниот ден граѓаните во целост ја почитувале забраната за движење, со цел спречување на ширење на коронавирусот.

Во овој период не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 дневна самоизолација.

Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 13 контроли на лицата кои веќе се во изолација , од кои три во Кичево. Евидентирани се 17 нови лица во самоизолација, пет во Кичево и извршени се 175 контроли врз овие лица од кои 12 во Кичево.

Полициските службеници извршиле 64 контроли на угостителски објекти.рз/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намалено нивото на реката Вардар, во моментот нема опасност од излевање

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители