Утрински Весник
Свет

Граѓаните на Хонгконг предупредени дека доаѓа нов, голем бран на ширење на коронавирусот

Граѓаните на Хонгконг предупредени дека доаѓа нов, голем бран на ширење на коронавирусот

Градоначалничката на Хонгконг, Кери Лам, ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирус.

Таа апелираше до сите да останат во своите домови што е можно подолго, објави „Ројтерс“.

Новопоставените прописи забрануваат собирање на повеќе од две лица, привремено затворање на угостителски објекти, а носењето маски е задолжително дури и на отворено.

„Ние сме на работ на нов, голем бран на ширење на коронавирус. За да ги заштитиме сите оние што ги сакаме, медицинскиот персонал и нашиот град Хонгконг, ги повикувам сите да се придржуваат кон задолжителните прописи за физичка дистанца и да останат во нивните домови што е можно подолго“, рече градоначалничката Лам.

Во последните 24 часа во Хонгконг се регистрирани 106 нови случаи на коронавирус, од почетокот на пандемијата оваа инфекција е потврдена кај 2.880 лица и смртен исход за 23 пациенти со „Ковид-19“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел