Утрински Весник
Македонија

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436 или на [email protected]

Завчера гласаа лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека вчера гласаа болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица. Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и денеска од 7 до 21 часот.

„Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче