Утрински Весник
Економија

Граѓаните можат да го земат донираниот ДДВ, а со купување домашни производи поголем поврат на ДДВ

Граѓаните можат да го земат донираниот ДДВ, а со купување домашни производи поголем поврат на ДДВ

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Физичките лица кои дале согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година добија можност да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година. Ова беше усвоено на денешната владина седница, со донесени измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба.

– Оваа уредба е дополнета со одредба и заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги со што враќањето на ДДВ за промет на домашни производи и услуги се зголемува од 15 проценти на 20 проценти, а за останатиот промет враќањето на данокот се утврдува на 10 проценти од пресметаниот ДДВ искажан во фискалната сметка, посочија од владината прес-служба.

Владата денеска ја дополни и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, со што се опфаќата и студентите од третиот степен во високото образование, односно и студентите што се на постдипломски студии на возраст до 29 години.

Направена е и измена и дополнување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот КОВИД-19 за време на вонредна состојба, со што рокот за користење на финансиската поддршка на овие лица се проширува и за месец јуни.

На предлог на Агенцијата за млади и спорт, на седницата е донесена Уредба со законска сила за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите за мерка за справување со КОВИД-19 кризата, насочени кон младите за време на траење на вонредна состојба, со која се уредуваат критериумите и постапката за финансиска поддршка за проекти за млади на оваа тема со исплата на грантови во износ од 300.000 денари.см/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заклучоци од меѓународната конференција на Народната банка: Инфлациската криза е успешно надмината

Мицкоски: Постигнавме договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно

Средба на Ангеловска-Бежоска со Ханиг: Заложбите на Народната банка се видливи преку подобрувањето на финансиската вклученост на населението