Утрински Весник
Магазин

Графити инспирирани од коронавирусот на тераса во Атина

Графити инспирирани од коронавирусот на тераса во Атина

Атина, 24 март 2020 (/) – Секојдневието во период на епидемијата на коронавирусот беше инспирација за 16-годишен ученик, на терасата на кровот од зградата во која што живее во Атина, да создаде два графити, едниот жена со медицинска маска, а вториот, со пораката сите да останат дома, јави дописничката на / од Атина.

За грчката новинска агенција АНА-МПА, 16-годишниот S.F., како што му е уметничкото име, вели дека сакал да го отслика она што го гледа секој ден, односно дека веќе сите се движат со медицински маски.

-Одбрав да илустрирам еден поглед во кој гледачот може да ја сфати тагата, но и очајот од драматичниот развој на настаните со ширењето на коронавирусот, вели ученикот.

Вториот графит на истата тераса е со пораката „Остани дома“ на грчки и англиски јазик, заедно со знамињата на Грција, Италија, Кина и Франција.

Фотографиите од терасата ги објави грчката фото агенција „Еврокиниси“.ср/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зошто не сите додатоци во исхраната треба да се земаат наутро

Седум чаеви кои природно го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Хороскопски знаци кои знаат да чуваат тајни