Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Гран при на Унгарија ќе се одржи без гледачи

Хамилтон со рутинска победа ја заврши сезоната во Формула 1
Img 7972

Будимпешта, 1 мај 2020 (МИА) – Гран при на Унгарија ќе се одржи без гледачи освен ако не биде откажана. Натпреварувањето во Унгарија се одржува од 31 јули до 2 август.

Сепак, поради пандемијата од коронавирус, раководството во Формула 1 работи на измени во календарот за сезоната 2020 година.

Гран-при на Австралија, Монако и Франција веќе се откажани и фазите во Бахреин, Виетнам, Канада, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада се одложени на неодредено време.

Главниот извршен директор во Формула 1, Чеис Кери, рече дека плановите се да се одржат 15 до 18 трки, а почетокот е закажан за 3- 5 јули во Австрија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај