Утрински Весник
Македонија

Гран-при на „Мал битолски Монмартр“ за Марија Дима од Букурешт

Гран-при на „Мал битолски Монмартр“ за Марија Дима од Букурешт

Битола, 31 март 2020 (МИА)Интернационално жири на Меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ одлучи највисокото признание – Гран-при за изработен детски ликовен цртеж, да и се додели на ученичката Марија Дима од Букурешт.

Дима првпат го добива престижното признание освоено во конкуренција од 15 371 детски ликовни цртежи кои пристигнаа на адреса на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Со одлука на жирито, специјална награда од фестивалот е доделена за детската палета цртежи изработена од ученици членови на Креативна уметничка работилница од Хонг Конг, Кина.

Според традицијата, организаторот во пресрет на најновото издание на „Мал битолски Монмартр“ кое почнува на 23 мај, ги соопшти и останатите награди за учество на меѓународниот ликовен конкурс.

Годинава добитниците се ученици од училишта во Словачка, Словенија, Израел, Турција, Србија, Романија, Тајланд, Турција, Малезија, Русија, Бугарија и од други држави, а познати се и 15 добитници на наградата „Златна четка“.мт/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара