Утрински Весник
Свет

Граничниот премин меѓу Албанија и Грција затворен до 26 април

Граничниот премин меѓу Албанија и Грција затворен до 26 април

Граничниот премин Капштица меѓу Албанија и Грција ќе остане затворен до 26 април, соопшти денеска полицијата во Корча.

Властите во Грција донесоа таква одлука поради моменталната епидемиолошка состојба, пренесува порталот Егзит.

Како што се наведува, само пешаци и камиони со тешки товари ќе имаат дозвола да влезат во Албанија од Грција во периодот од 6 до 22 часот.

Автобуси, такси или кое било друго патничко возило имаат забрана за премин до неодредено време.

Можете да прочитате

Трамп: Претседателот на ФЕД е тотален губитник

Трамп: Кажете му на Медведев да внимава што зборува

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“