Утрински Весник
Спорт

Гранада со гостински триумф кај Сосиедад најави излез во Европа (видео)

Гранада со гостински триумф кај Сосиедад најави излез во Европа (видео)

Екипата на Гранада го победи Реал Сосиедад со 3-2 во Сан Себастијан и се вмеша во борба за позиција која носи во фудбалска Европа идната сезона.

Пуертас во 21 минута носи предност за гостинот.

Искусниот Роберто Солдадо во 43 минута го најави триумфот на Гранада, погоди за 0-2.

Сепак, во второто полувреме домаќинот тргна на сè или ништо.

Веднаш на стартот на вториот дел Мерино најдобро се снајде по една мешаница и резултатот на семафорот беше 1-2.

Мечот се отвори, следуваше офанзива на Сосиедад, па во 83 минута Ојарзабал успеа да погоди за нерешено, 2-2.

Сепак, радоста од бодот на Сосиедад ја скрати Дуарте во 89 минута.

Со новата гостинска победа на Гранада, тимот собра 50 бода (исто колку и Валенсија на 8 позиција) и се наоѓа на 9 позиција, со бод помалку од Реал Сосиедад на седмата позиција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата

ЗОИ 2026: Прво олимписко злато за Шпанија