Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Финансираме многу манифестации и проекти, но не ги организираме

Град Скопје: Финансираме многу манифестации и проекти, но не ги организираме

Град Скопје соопшти дека по вчерашната објава и информации, итно го прекува финансирањето на извидничкиот одред „Скаут“.

Од таму објаснуваат дека Градот како институција обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но дека на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти.

„ Бараме од институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност. Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит.

Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители и продолжува овој немил настан да го користи за дневни политички поени, затоа Град Скопје уште еднаш апелира да не се политизира овој случај да се покаже разбирање и почит кон загрозените ученици и родители, во овие тешки моменти во коишто се наоѓаат“ велат од Градот Скопје.

Можете да прочитате

Изменет сообраќаен режим на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром

Калајџиев за „Безбеден град“: Шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано

Груби е во добра здравствена кондиција и е сместен со уште еден притвореник