Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Тимови на терен ја проценуваат состојбата во заборавените населби

Град Скопје: Тимови на терен ја проценуваат состојбата во заборавените населби

Тимови од Град Скопје, составени од претставници што секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните и претставници од јавните претпријатија во надлежност на Градот, почнаа со процена на состојбата во заборавените населби и изготвување акциски план за спроведување проекти за овие населби, информираат градските власти.

Тимовите ќе дејствуваат за брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска со еден од теренските тимови ја посети општина Ѓорче Петров и заедно со градоначалникот Александар Стојкоски разговараше со претставници на месните и урбаните заедници.

„Тимовите составени од претставници на јавните претпријатија и секторите при Градот презедоа дел од податоците неопходни за теренската процена. По завршување на теренската работа, се преземаат активности за креирање листа на проекти неопходни за надминување на предизвиците со кои се соочени граѓаните, со акциски план за нивно спроведување. Повеќето од жителите во оваа општина истакнаа проблеми со водоводната мрежа, инфраструктурата на улиците, потребата од соодветна светлосна сигнализација, уредување на кејот на Вардар и слично“, посочи Арсовска.

Можете да прочитате

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

АА: Додека го напаѓа ВМРО ДПМНЕ, знаеме дека претседателот Арбен Таравари е на вистинскиот пат!

Михаилов: Од запалени глувци до скакулци, па дури и вештачки бубачки што шират пожари