Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се небулозни

Град Скопје: Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се небулозни

14 мај 2020 

Со големо жалење мораме да констатираме дека ВМРО ДПМНЕ и нивната советничка група во Град Скопје не знаат да разликуваат основни работи (тревник од плочник), па од тие причини излегуваат на прес-конференции со небулозни тврдења.

Со ова уште еднаш ја известуваме јавноста, а истовремено го демантираме небулозното тврдење на ВМРО ДПМНЕ, дека не тревата, туку поплочувањето и уредувањето на јавниот простор на излезот од ГТЦ до Плоштад Македонија, поплочувањето и уредувањето на јавниот простор од Плоштад Македонија кон Собрание на РСМ, заедно со урбаната опрема што се состои од клупи, канти за отпадоци, целосно ново осветлување на овој простор (канделабри), како и дрворед составен од 25 дрвја е тоа што чини 33 милиони денари со вклучен ДДВ. Се што е направено на терен и потрошена сума, впрочем, беше и претходно најавено на прес-конференцијата што се одржа на 30 септември 2019 година.

Впрочем, граѓаните на Скопје секојдневно овој простори го гледаат и го користат. Тоа што му пречи на ВМРО ДПМНЕ е фактот што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор, но и уживаат во него, при тоа правејќи споредба што значи квалитет на јавен простор сега, а што и какво беше лудилото со јавниот простор во минатото.

Времето кога граѓаните за 3 врби во Реката Вардар плаќаа 220 илјади евра е одамна поминато. Тоа на сите им е јасно. Јасно му е и на ВМРО ДПМНЕ, па токму заради таа своја немоќ се служат со лаги и невистинити небулози. Граѓаните на Скопје препознаваат дека овој градоначалник за само 2 и пол години покажа дека може да се биде различен. Да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните, да се биде транспарентен, отворен, а истовремено и штедлив при работењето со јавните пари.

Убедени сме дека сите (а особено ВМРО ДПМНЕ) се свесни дека се тотални аутсајдери во Град Скопје. Ние ќе продолжиме чекор по чекор да ги решаваме наталожени проблеми останати од нивното лудило, а тие слободно можат да продолжат да се занимаваат со небулози, лаги и да креираат лажни вести.

Град Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

И покрај ветерот повеќе градови во Македонија дишат загаден воздух – Во Кичево девет пати над дозволеното