Утрински Весник
Македонија

Град Скопје со помош од три милиони денари за настраданите во Измир

Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 58

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Измир, во кој животот го загубија повеќе од 80, а повредени се околу 900 лица.

„Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, износ што го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики“, се наведува во соопштението на градските власит.

Градоначалникот Петре Шилегов на седницата изјави дека Скопје знае што значи солидарноста во време на природни катастрофи и затоа потребата да се помогне во неволја е нужна и неминовна.

Шилегов до градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, упати длабоко сочувство за настраданите и му посака брзо санирање на штетите и враќање на животот во нормала.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“