Утрински Весник
Македонија

Град Скопје со демант: Нема да се рушат објекти oд СЦ „Борис Трајковски“

Град Скопје ги демантира и отфрла наводите изнесени во денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, каде од опозициската партија изнесоа тврдења дека ќе се рушат дел од објектите во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на тоа место ќе се развива бетонска џунгла.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за регулациски план, којшто е донесен одамна, а со истиот се предвидува пробивање на сервисна уличка за потребите на околните постоечки објекти. Истата е сервисна уличка, а не булевар како што манипулираат од ВМРО-ДПМНЕ, и истата може, но не мора да биде изградена во иднина“, се наведува во соопштението.

Од Град Скопје целосно ги демантираат, како што велат, и изнесените лаги дека во овој дел од градот ќе се градат згради, како и дека се планира уривање на некој од постоечките објекти од СЦ „Борис Трајковски“.

Во демантот се вклучи и општина Карпош, на чија територија се наоѓа СЦ „Борис Трајковски“ од каде нагласуваат дека улицата за која зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ веќе постои во должина на картинг патеката и истата единствено ќе се продолжи и ќе се поврзе со булеварот 8 Септември.

„Картинг патеката, тениските терени, базенот или пак спортската сала воопшто нема да бидат засегнати од урбанистичкото решение“, тврдат од општината.

Од таму додаваат дека Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 04, блок 5, воопшто не предвидува изградба на згради или објекти за домување во овој дел и сметаат дека повиците на ВМРО-ДПМНЕ за масовно присуство на јавната презентација се само јалов обид за собирање на политички поени.

Можете да прочитате

Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме