Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци

Од Град Скопје информираат дека во четврток ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Исто така, во сабота ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 18.07.2022 во понеделник ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

dobivaj vesti na viber

Прскањето ќе се врши според следниот распоред:

1. Авионската и терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 14.07.2022 (четврток), во раните утрински часови (авионски) и во текот на денот (терестрично).

2. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 16.07.2022 (сабота) и 17.07.2022 (недела), во раните утрински часови.

3. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 18.07.2022 (понеделник) до 21.07.2022 (четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се потенцира во соопштението од Град Скопје.

Можете да прочитате

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК

Луксузни патувања, хотели и услуги- Ване Цветанов на удар на Обвинителството за корупција

Трагедија: Македонец загина во сообраќајка во Грција