Утрински Весник
Македонија

Град Скопје прави нов зелен сквер во Карпош

Град Скопје прави нов зелен сквер во Карпош

На булеварот Илинден, до гимназијата „Орце Николов“, екипи на Град Скопје од денеска уредуваат нов зелен сквер. Во едниот дел од овој зелен простор наскоро ќе се оформи детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел ќе се формираат патеки, ќе се постават клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и осветлување.

Уредувањето на ова ново катче е дел од проектот за редизајнирање на јавните зелени површини на четири локации во Скопје, според кој, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански – кај „Палма“, на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров и кај поликлиниката „Идадија“ во Центар.

„Станува збор за иницијатива на Град Скопје и Центарот за иновации „Скопје Лаб“, како резултат на долгогодишната соработка со УНДП, во чии рамки ќе редизајнираме постојни зелени површини согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација и за дружење. На оваа локација каде што сме денеска, беше предвидена изградба на катна гаража, но ние успеавме да го зачуваме зеленилото. За околу еден месец овој простор ќе биде полн со содржини кои граѓаните ги одбраа за оваа локација. За нас како Град е императив да ги зачуваме зелените површини, но и да ги облагородиме“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Иницијативата за редизајнирање на јавните зелени површини почна во 2018 година, во две фази – во првата фаза од граѓаните беа идентификувани седум локации од кои сега почнува редизајнирањето на првите четири. Во втората фаза идентификувани се вкупно девет локации што треба да се редизајнираат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн