Утрински Весник
Економија

Град Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за изминатата година

Град Скопје објави јавен повик за стипендии за средношколци со попречености
Dik 300x250 mk

Град Скопје ги известува граѓани дека во согласност со Законот за даноците на имот, започнува постапката за присилна наплата на неплатените обврски за годишен данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

„Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на градот. Ррокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е веќе поминат и изготвени се решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници“, се наведува во соопштението на градските власти.

Доколку обврзниците на постапат по ваквите решенија, ќе биде изготвено решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал