Во тек е доставувањето на решенија за данок на имот и комунална такса –фирмарина за тековната 2021 година.
Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатата 2020 година ќе добијат опомена за неплатен долг.
„ Даночните и таксените обврзници кои нема да добијат решенија за данок на имот и комунална такса–фирмарина или доколку во истите забележат одредени неправилности, можат да се јават на службените телефонски броеви на Град Скопје секој работен ден од 09 до 16 часот и тоа:
За данок на имот: 072/916-482, 072/204-434 и 02 3297-316.
За комунална такса-фирмарина: 072/255-849 и 070/248-614.
Граѓаните по добивањето на решенијата можат сите забелешки и неправилности да ги пријават на сајтот на Град Скопје е-даноци (https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml), преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку електронска пошта на следните адреси:
За данок на имот: [email protected], [email protected], [email protected]
За комунална такса – фирмарина: [email protected] и [email protected]