Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Не е неопходно целосно затворање на кејот кај изведбата на мостот на Љубљанска

Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на Љубљанска од страна на инвеститорот и изведувачот. Согласно обврските од договорот, како што се наведува, Градот Скопје, единствено претставува иден корисник на проектот, што всушност произлегува од законските надлежности за управување со улици во надлежност и во конкретниот случај, ниту се јавува како инвеститор, ниту како финансиер или изведувач.

dobivaj vesti na viber

„ Сепак, треба да потенцираме дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Влада на РМ, финансиер на истиот е ТАВ Македонија, а изведувач на проектот е ТАВ ТЕПЕ АФКЕН, а како подизведувач е ангажирана компанијата ГРАНИТ АД Скопје. Реализацијата на овој мост е дел од проектот на Владата за промена на намената на средствата од концесискиот договор со ТАВ Македонија, кои требаше да бидат искористени за карго аеродром во Штип и наместо тоа, истите се инвестираат во проекти од локално значење“ наведуваат од Град Скопје.

Во конкретниот случај, велат дека Градот воопшто не бил консултиран за затворање на кејот и спортско рекреативната патека и истото е сторено од страна на изведувачите.

„ Техничките решенија мора првенствено да обезбедат безбедно и сигурно движење на кејот и Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на тој потег на кејот. Сметаме дека, водејќи се од приоритетот за безбедноста на граѓаните, треба да се разгледаат повеќе технички издржани решенија од инвеститорот и изведувачот, со кои би се излегло во пресрет на барањата на граѓаните“ додаваат од градот.

Можете да прочитате

(Видео) Се шири пожарот кај Октиси

Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен, благодарност до пожарникарите

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование, фокусот на квалитет и инклузивност