Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Нема повеќе субвенции за електричен тротинет

Град Скопје: Нема повеќе субвенции за електричен тротинет

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување електрични тротинети и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.

На јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување електричен тротинет граѓаните можеа да се пријавуваат електронски и да доставуваат фискални сметки за купен електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за електрични тротинети се предвидени 1,5 милиони денари.

Можете да прочитате

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја

Откриена импровизирана лабораторија со опрема за одгледување на марихуана во Тетово – едно лице доби кривична пријава

Сообраќајка во Студеничани – повредено шестгодишно дете!