Од Градот Скопје ги демантираат информациите кои претходно ги изнесоа од СДСМ, дека Противпожарната бригада има гориво за уште неколку дена.
„За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, уште не е исцрпен, односно има важност до 5. јуни 2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада“, се наведува во реакцијата на градските власти.
Од таму нагласуваат дека Градот и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведена во прашање нивната подготвеност.
„Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани“, стои во реакцијата.