Утрински Весник
Спорт

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое пред две недели се одржа во Будва.

„Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, неколку години наназад. Во последниве 6 години постојан член на „Шкупи“ е наградениот 17-годишен боксер Ардијан Аземи, кој со младинската боксерска репрезентација на Република Северна Македонија го постигна најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за првпат по 25 години во младинските категории освои еден од највисоките пласмани на едно европско натпреварување“, соопшти Град Скопје.

Градот Скопје финансиски го поддржа и боксерскиот клуб „Шкупи“ така што во 2020 година преку Програмата за Спорт им додели 50.000 денари, а во 2019 година 40.000 денари за активностите на клубот.

> Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија