Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Годинава помал прилив на финансиски средства поради коронавирусот

Град Скопје ќе додели стипендии за средношколци со попреченост

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа за извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година, за периодот од 1 јануари до 31 март. Како што соопштија градските власти, при остварувањето на приходите на Буџетот во првото тромесечје од оваа година, има помал прилив на финансии средства во однос на минатите години. Причина за ова, велат од Град Скопје, е новонастанатата состојба со коронавирусот.

Од Град Скопје информираат дека во првиот квартал од 2020 година, вкупните приходи и други приливи се остварени во износ од милијарда денари, што претставува остварување од 13 проценти во однос на планираното за целата година. Споредено со истиот период од минатата година, остварените приходите во првиот квартал од 2020 година бележат намалување од 11,8 отсто.

Остварените приходи во буџетот на Град Скопје за овој период, поделени по области се: трансфери и донации – 46,9 отсто, даночните приходи – 44 отсто, неданочни приходи – 6,3 отсто, и капитални приходи – 2,7 отсто.

-Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Градот за првиот квартал од оваа година, се извршени во износ од 1.2 милијардa денари, што претставува извршување од 16 отсто во однос на планираните расходи и одливи за оваа година. Основниот буџет во првото тромесечје од 2020 година има остварени приходи во износ од 543 милиони денари, што претставува остварување од 11 отсто во однос на планираното за целата година, а истото е намалено од 10 од 15 процентни поени во однос на изминативе 5 години. За подмирување на реализираните расходи во периодот, Градот искористи дел од вишокот на приходи од минататa година во износ од 321.769.620 денари, соопшти Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека расходите во основниот буџет за споменатиот период, се извршени во износ од 864 милиони денари, со процентуално извршување од 17 отсто од планираните средства за оваа година.

Градот соопшти дека приходите во буџетот на дотации за споменатиот период од 2020 година се остваруваат во согласност со динамика за трансферирање на одобрените средства, утврдена од ресорните министерства и тие се остварени во вкупен износ од 454 милиони денари, со процент на остварување од 24 проценти од планираните средства за 2020 година. Расходите во буџетот на дотации се извршени во износ од 346 милиони денари, односно процентуалното извршување изнесува 18 проценти од планираните средства за 2020 година.

-Во буџетот на самофинансирачки активности кој, всушност, е буџет на 23 (дваесет и три) средни училишта и 8 (осум) културни институции под надлежност на Град Скопје, остварени се приходи во износ од 30 милиони денари, а расходи во износ од 34 милиони денари, информираат од Град Скопје.бт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година