Утрински Весник
Политички Партии

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ траумите на децата ги користи за политичко профитерство

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ траумите на децата ги користи за политичко профитерство

По вчерашната објава и информациите во јавноста итно го прекинавме финансирањето на првиот скопски извиднички одред, велат од Град Скопје, во врска со денешните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека дискутабилни програми по сексуалното образование биле финансирани и претходно.

„Градот обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти“, објаснуваат градските власти.

Од таму бараат институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност.

„Ваквите прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит“, велат од Град Скопје.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт