Утрински Весник
Македонија

Градските пазари во Делчево и Македонска Каменица со скратено работно време

Градските пазари во Делчево и Македонска Каменица со скратено работно време
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 4 јуни 2020 (МИА) – Градските пазари во Делчево и Македонска Каменица ќе работат со скратено работно време. Како што информираа од општинскиот кризен штаб во Македонска Каменица, утрешниот пазарен ден ќе се одвива до 14 часот, со тоа што пазарот ќе биде отворен само за продажба на прехранбени производи.

– Согласно препораките и мерките за заштита и спречување на заразата со Ковид-19 донесени на Седница на Влада, Општинскиот кризен штаб Македонска Каменица донесе одлука дека утре, 5 јуни 2020 година, градскиот пазар ќе работи до 14 часот. На градскиот пазар ќе бидат изложени исклучиво прехранбени производи, односно ќе работи на принципот зелен пазар, информираа надлежните.

Од Јавното претпријатие „Камена Река“ кое стопанисува со пазарот апелираа до закупците на тезги и потрошувачите да го почитуваат скратеното работно време и апелираат дека е потребно задолжително почитување на мерките за лична заштита, носење заштитна маска на лице, држење растојание од два метра и притоа на секоја тезга да имаат поставено задолжително дезинфициенси за раце.

Во Делчево, надлежните соопштија дека поради актуелната состојба и забраната за движење за време на викендот, градскиот пазар в сабота, ќе работи со скратено работно време од 6 до 14 часот.

Екипи на јавните претпријатија и територијалните противпожарни единици во текот на денешниот и утрешниот ден ќе извршат дезинфекција на просторот и тезгите на локацијата на градскиот пазар. Оваа мерка, како што дополнија, продолжува да важи до нормализирање на состојбата со ширењето на заразата од Ковид-19. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца штипјани извадиле 90.000 денари од туѓа картичка

Возач нападнат, возилото оштетено на патот Јурумлери–Драчево!

Амбасадата потврди заминување на Агелер од Македонија