Утрински Весник
Македонија

Градскиот стадион во Охрид ќе добие нов систем за наводнување

градски стадион Охрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ЈП „Билјанини Извори” и Фудбалската федерација на Република Северна Македонија (ФФМ) со нов проект ја продолжуваат започнатата успешна соработка во интерес на фудбалот во Охрид.

Со новиот проект, ФФМ на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Билјанини Извори” ќе инсталира најсовремен систем за автоматско наводнување. За таа намена, до 3 април ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за влажност на почвата.

Новиот најсовремен систем за наводнување ќе придонесе за зголемувањето на квалитетот на самиот фудбалски терен, и секако, за намалување на потрошувачката на вода.

Поради овие активности, ЈП „Билјанини Извори” до 3 април го затвора охридскиот градски стадион за сите фудбалски корисници.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола

Живееме подолго, но сме помалубројни: повеќе умрени од родени, сè помалку бракови, сè повеќе разводи

Променливо облачно со сончеви периоди