Утрински Весник
Македонија

Градоначалниците Смилевски и Темелковски во посета на општина Oдемиш во Турција

Smilevski
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, беа во службена посета во Општина Oдемиш, Република Турција. На средбата беа поставени темелите на културните и економските мостови и новите области на соработка.
На средбата гостите беа запознаети со активностите на Oдемиш, која располага со една од најплодните почви во Турција што дава предност за органско производство, а тоа придонесува за развојот на еко-туризмот во последните неколку години. При посетата беше промовирано она што Oдемиш го произведува и успешно го работи а тоа се областите за производство на украсни растенија и садници,  индустријата за млечни производи како и туристичките убавини во областа.

Можете да прочитате

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството