Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на КОВИД-19, од утре почнува со работа

Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на КОВИД-19, од утре почнува со работа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кочани, 23 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев добил два негативни резултати од тестирањата на коронавирусот, со што по двонеделната домашна изолација од утре ќе се врати на вообичаените работни активности.

-Денеска ги добив резултатите од двата теста направени во Институтот за јавно здравје кои не покажуваат присуство на вирусот. Во текот на изминатите две недели, додека бев во карантин, воопшто немав симптоми на КОВИД-19, но се придржував кон мерките за заштита. Исти се резултатите и кај мојата сопруга, поради што сметам дека непотребна беше целата паника и негативните ставови во јавноста за мене и за членовите на моето семејство, истакна Крстев.

На почетокот од овој месец, Крстев направи две тестирања во приватни клиники, откако кон крајот на март бил кај фризерот од Кочани кој почина на Клиниката за инфективни болести како последица од коронавирусот. Тогаш резултатите од тестирањата на градоначалникот беа позитивни.

Во меѓувреме, вработените во општинската администрација на Чешиново-Облешево, кои исто така беа во двонеделна домашна изолација, од почетокот на оваа недела постепено се враќаат на работните места, а општинските служби се комплетираат и нормално функционираат. та/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите

Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани