Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Градоначалникот на Чаир во самоизолација по контакт со лице позитивно на КОВИД -19

Градоначалникот на Чаир во самоизолација по контакт со лице позитивно на КОВИД -19
300x250 opst2

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на својот Фејсбук профил соопшти дека е во самоизолација откако бил во контакт со лице позитивно на Ковид -19.

– Ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација со вас, да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше ПОЗИТИВЕН кон тестот за COVID -19, затоа од овој момент ќе останам во САМОИЗОЛАЦИЈА и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции, напиша Ганиу.

Тој апелира до граѓаните на внимателност, придржување до мерките и сериозно третирање на оваа проблематика бидејќи, како што вели, состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да стапи кон полошо. бак/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта