Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Херсон: Немаме повеќе оружје, Русите не’ опколија

Градоначалникот на Херсон: Немаме повеќе оружје, Русите не’ опколија
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Херсон, Ихор Колихајев, изјави за Си-Ен-Ен дека градот повеќе нема оружје за да им се спротивстави на руските сили кои ги опколиле.

„Жителите на Херсон се невооружени. Ние веќе немаме оружје за да се спротивставиме, да пружиме вооружен отпор“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

„Немаме војска во градот. Армијата е поразена. Украинската армија мораше да се повлече, нема оружје“, продолжи тој.

Колихајев рече дека животот продолжува, но не функционираат сите градски служби. Апелираше и за хуманитарна помош: „Градот е без струја и вода“.

Додаде дека нема начин да се дојде до помош во градот, бидејќи единствениот начин е да се добие помош преку Крим од руска страна.

„Русите сакаат да ја испратат својата хуманитарна помош, но жителите на Херсон одбиваат. Затоа што тие се патриоти и не сакаат помош од Русите. Бараат помош од Украинците. Значи, во моментов не добиваме хуманитарна помош“, рече тој.

Херсон е стратешки важен град на влезот во Црното Море со речиси 300.000 жители.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа