Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Струмица со апел да се почитуваат мерките на Владата

Градоначалникот на Струмица со апел да се почитуваат мерките на Владата

Струмица, 20 март 2020 (МИА) – Се што треба да направиме е најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките на Владата на Република Северна Македонија, а посебно да ја почитуваме мерката со која се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, апелираше денеска градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

На прес конференцијата пред влезот во општинската зграда Јаневски побара од струмичани во маркетите, аптеките, банките, поштите и другите објекти да се почитува минимум потребното растојание од два метра, а уште поважно е да се почитува социјалното дистанцирање.

-Мерките мора да се почитуваат. Без исклучок. Од сите нас, заедно, зависи како и кога ќе се справиме со овој предизвик. Желба на сите нас е тоа да биде што побргу, но тоа од нас зависи. Исто така, многу е важно да не се создава паника и за релевантни да се земаат само информациите од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија, додаде градоначалникот Јаневски.

На крајот уште еднаш апелираше до граѓаните да останат дома и да излегуваат само за неопходни работи, бидејќи така го штитат сопственото здравје и здравјето на најблиските.рт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор