Доколку продолжи овој тренд на новозаразени, не е далеку денот кога ќе треба да ја затвориме Подгорица и да се вратиме на режимот од пред неколку месеци, а мислам дека никој од нас тоа не го сака, предупреди градоначалникот на црногорската престолнина и член на Националното координативно тело (НКТ), Иван Вуковиќ.
Во Црна Гора лабораториите на Институтот за јавно здравје во последните 24 часа анализирале 375 примероци, а 78 биле позитивни за Ковид-19, пренесува РТЦГ.
Новооткриените случаи се од Подгорица 48, Никшиќ 11, Херцег Нови 7, Плевља 3, Котор, Беране и Бар по 2, а во Бијело Поље, Цетиње и Рожаје по еден нов пациент.
„Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 16“, се вели во соопштението.
„Земајќи ги предвид починатите и опоравените, во моментот бројот на активно заразени со Ковид-19 во Црна Гора е 1.522. Повеќето од новите пациенти се контакти на претходно регистрирани случаи“, се додава во соопштението.
Во Подгорица активни се 595 случаи на коронавирус.