Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин му соопшти на рускиот претседател Владимир Путин дека примил вакциниран против коронавирусот и дека се чувствува добро.
„Со цел да ги охрабрам моите колеги и самиот уверувајќи се дека ни се отвора можност во оваа ситуација, дека навистина се појави добра вакцина во Русија, донесов одлука, а колегите од институтот ’Гамалеј’ ми дадоа дозвола да се вакцинирам и минав речиси половина од тој процес. Се чувствувам добро, дај Боже да биде така и во иднина. Но, најважно за мене е што тоа ме убеди дека ја правиме вистинската работа. Тоа е многу важно за сите што учествуваат во тоа“, рече Собјанин на состанокот со Путин, пренесува „Спутник“.
Тој додаде дека не чувствува скоро никакви последици од вакцинацијата, освен мала главоболка.
Градоначалникот исто така рече дека чувството по вакцинирање против корона е слично на чувството за вакцинирање против грип.
Собјанин го информирал Путин дека следната недела во Москва ќе започнат тестирањата на првата вакцина во светот против коронавирус, кои се планирани по регистрацијата.
Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот рече дека властите во Москва презеле енергични и ефикасни чекори во борбата против коронавирусот, што овозможило состојбата не само да се стабилизира туку и да почне да се намалува бројот на заразени.
Тој потсети дека Москва прва започна со воведување ограничувања, но и прва ги укина, истовремено помагајќи им на другите руски региони.