Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Мариупол: „Азов“ и маринците сѐ уште го бранат гардот, ќе остане украински

Градоначалникот на Мариупол: „Азов“ и маринците сѐ уште го бранат гардот, ќе остане украински

Утрово, градоначалникот на опколениот Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека градот сѐ уште се бори и дека ќе остане украински.

Бојченко ги нарече лажни вести руските извештаи за освојувањето на градското пристаниште и предавањето на повеќе од илјада украински борци, пренесува ДПА. Тој град на брегот на Азовското Море сè уште го бранат припадниците на Азовскиот баталјон и морнарицата, рече Бојченко, кој е надвор од градот.

Мариупол со недели е под опсада на руските сили. Поголемиот дел од градот е уништен, а условите за живеење на преостанатите граѓани се катастрофални.

Русите продолжија да ги бомбардираат Харков, Донецк и Запорожје во текот на ноќта, соопшти утрово украинската армија. Украина очекува нова голема руска офанзива на истокот на земјата.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија