Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19

Куманово, 16 април 2020 (МИА) – Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски предмалку на социјалните мрежи објави дека меѓу новите 40-те кумановци позитивни на тестот е и тој. Димитриевски во објавата споделена на Фејсбук ги охрабрува кумановци дисциплинирано, заеднички да продолжат со битката против заедничкото зло.

–  Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас,  стои во објавата на Димитриевски.

Димитриевски ги охрабрува кумановци дисциплинирано да продолжат во борбата против ширењето на коронавирусот, пишува дека е убеден, замолувајќи ги за воздржаност, без паника и побара дисциплина, почтиување на мерките и препораките за социјална дистанца.

– Ве молам, од душа и срце, ве молам, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите, пиштува градоначалникот.

Тој истакна дека нема простор за паника, општинскиот штаб за заштита и спасување ќе продолжи со својата работа во борба против короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.

-Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа, стои во објавата на Димитриевски.ам/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија