Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Градоначалникот на Дебар им се заблагодари на граѓаните за совесното однесување

Градоначалникот на Дебар им се заблагодари на граѓаните за совесното однесување
Img 7972

Дебар, 29 март 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на општина Дебар е добра. Во изминатите 24 часа не се забележани никакви проблеми во однос на владините мерки. Им благодарам на граѓаните за нивното совесно однесување зашто само со строго почитување на мерките и препораките побрзо ќе ја надминеме оваа состојба, истакна денеска градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој раководи и со Општинскиот оперативен штаб.

– До 28 март беа земени 210 тестови за коронавирус во Дебар  Центар Жупа. Резултати имаме за 191 тест од кои 45 се позитивни. За жал, две лица починаа. За 19 тестирани лица сеуште нема резултати. Очекуваме во Општата болница во Дебар да пристигне гинеколог, анестезиолог-реаниматор  и медицински техничари обучени за инфективни болести, рече Дука на средбата со новинарите.

По заминувањето од Дебар на поголемот дел или 166 македонски државјани од вкупно затекнатите граѓани по прогласувањето на кризната состојба, Дука информираше дека деновиве ќе заминат и странските државјани кои беа затекнати, а сега се сместени во „Дебарски Бањи-Цапа“. вт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи