Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Виена ја критикуваше „мапата на исламот“

Градоначалникот на Виена ја критикуваше „мапата на исламот“

Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, ја критикуваше „мапата на исламот“ презентирана минатата недела од министерката за интеграција, Сузана Раб, нагласувајќи дека таа придонесува за создавање поделби во општеството.

„Во принцип ја отфрлам стигматизацијата на религијата“, подвлече Лудвиг за виенскиот дневен весник „Стандард“.

Тој истакна дека „мапата на исламот“ не придонесува за интеграција, но охрабрува создавање поделби во општеството.

„Јас јасно се изјаснувам за соживот со почит кон сите во нашиот град и земја“, нагласи Лудвиг.

Министерката Раб му префрли на Лудвиг дека води „политика на ној“.

„Наместо како главен град да ги игнорираме проблемите и реалноста, важно ми е да создадам транспарентност“, објасни Сузана Раб.

Таа рече дека владата прави разлика помеѓу верата на исламот и институциите што ја поттикнуваат интеграцијата, како и политичкиот ислам и проблематичните струи и идеологии.

Таа додаде дека мапата, изработена од експерти, ја покажува локацијата на џамиите управувани од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган или екстремистичката група „Сиви волци“, каде што се шират турската националистичка идеологија и антисемитизмот.

Можете да прочитате

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

„Лекари без граници“ ги прекинаа основните медицински активности во Газа поради интензивираните израелски напади

Трамп: Се водат интензивни разговори со земјите од Блиски Исток за изнаоѓање на решение за конфликтот во Појасот Газа