Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Виена: Укинувањето на мерките беше грешка, рекорден број новозаразени

Градоначалникот на Виена: Укинувањето на мерките беше грешка, рекорден број новозаразени

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, посочува дека одлуката на австриската влада да ги откаже речиси сите епидемиолошки мерки е грешка и најави дека главниот град ќе продолжи со построг тек.

„Бројот на новозаразени достигна апсолутен рекорд. Укинувањето на мерките беше грешка. Секогаш предупредувавме за тоа“, изјави Лудвиг преку Твитер.

Тој побара од новиот министер за здравство Јоханес Рауч да дејствува.

„Побарав од новиот министер сериозно да размисли за големиот број новозаболени и за настанатата многу тешка состојба“, подвлече Лудвиг, кој ја критикуваше владината одлука за привремено прекинување на примената на Законот за задолжителна вакцинација.

Можете да прочитате

Бил Клинтон ќе зборува за неговите врски со Епстин

Германскиот парламент одобри построги правила на ЕУ за третман на барателите на азил и бегалците

Кремљ: Се подготвуваат големи трилатерални преговори за мир во Украина