Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Бутел подели 80 хуманитарни пакети

Градоначалникот на Бутел подели 80 хуманитарни пакети

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски, во петокот минатата седмица и денеска подели вкупно 80 хуманитарни пакети со основни намирници.

Барања за хуманитарните пакети граѓаните во изминатиот период ги поднесуваа до Кризниот Штаб за заштита и спасување на Општина Бутел.

Општина Бутел во изминатиов период подели над 500 пакети со храна кои беа наменети за социјално загрозени семејства.

Пакетите беа испорачани до поголем број верски објекти, здруженија и невладини организации. Акцијата за делење на храна за овааа ранлива категорија ќе продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот. ир/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Портпаролката на Владата потврди дека Мицкоски управува со судовите

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени