Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Коцевски со апел до управителите на згради и куќни совети за зголемена хигиена

Градоначалникот Коцевски со апел до управителите на згради и куќни совети за зголемена хигиена

Велес, 17 март 2020 (МИА) – Поради новонастанатата состојба со вирусот Ковид-19, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски до заедниците на сопственици-станари во колективните објекти за домување на територијата на оваа општина апелира на зголемена хигиена во влезовите на зградите, порумските и гаражните делови.

Иако колективните објекти – зградите не се јавни објекти, туку се во сопственост на станарите, сакам да апелирам на зголемена хигиена во влезовите на зградите, подрумските и гаражните делови, како и сите други делови од зграда кои припаѓаат во етажна (заедничка) сопственост на станарите, порача Коцевски.

Тој посочи дека зголеменото одржување на хигиената е еден од клучните услови за да се спречи ширење на коронавирусот. Потребно е редовно и секојдневно чистење на деловите од зграда, со наменски средства за хигиена и дезинфекција.
Коцевски ги посочи и дополнителните мерки кои ги презема Општина Велес, и во таа насока започна редовното миење на улиците во општината согласно Програмата за јавна чистота за 2020 година.
Најави дека следува дезинфекција на контејнерите и расчистување на простори со отпад од непознат сторител (диви депонии), како и дезинфекција на училиштата и градинките, пред почетокот на наставата.
Од Општина Велес информираат дека преку електронски пат може да се извади потврда за редовен ученик или одење во градинка.
– Во овој период, треба да се зголеми информираноста на сите граѓани за превентивните мерки кои ги носат надлежните институции. За прецизни и навремени информации, користете ги официјалните интернет страници www.zdravstvo.gov.mk   и www.veles.gov.mk , посочуваат од Општина Велес.

Градоначалникот Коцевски апелира до сите граѓани  да се придржуваат до мерките, да бидат одговорни, затоа што се работи за јавното здравје, која, како што рече, е заедничка одговорност.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени