Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Костовски донира пола плата за семејството Давитковиќ од Радишани

Градоначалникот Костовски донира пола плата за семејството Давитковиќ од Радишани

“Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестрички живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња. Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби. Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел”, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој напиша дека лично ќе се вклучи да помогне на ова семејство од нашата Општина, со што ќе им подари 50% од неговата месечна плата, дополнително со негов налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош, а ќе ги замоли и советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.

Костовски ги повика сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да го исконтактираат лично за оваа тема.

Можете да прочитате

Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла

Миноски: ДДВ-прагот во Македонија е двојно понизок од регионот – време е за корекција

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“- владата на Мицкоски го потврди она што го говори СДСМ