Утрински Весник
Македонија

Градинката во Ѓорче Петров го проширува капацитетот

Градинката во Ѓорче Петров го проширува капацитетот

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска извршија увид во градежните активности на градинката „ Детелинка“, со цел нејзино проширување.

Шахпаска истакна дека со доградбата на дополнителни три занимални опфатот на деца во градинката „Детелинка“, се зголемува за 90. Воедно посочи дека ова говори за партнерскиот однос на централната и локалната власт.

„Како ресорно министрство продолжуваме со градење на нови градинки, со проширување на постоечките капацитети, со исполнување на крајната цел до 2024 година вкупниот број на деца сместени во детските градинки достигне 7.500,“истакна Шахпаска.

Таа доаде дека и Волково ќе добие најсовремена детска градинка, која ќе биде целосно енергетски ефикасна, со модерен систем на греење и капацитет од 175 деца поделени во осум занимални.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наместо да одат на шалтер граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

Исчезнат е Владимир Бурев (36) од Штип