Утрински Весник
Македонија

Градежни активности на патот од Тетово кон Бањиче до селото Бродец

Градежни активности на патот од Тетово кон Бањиче до селото Бродец

Тетово, 1 мај 2020 (МИА) – Општина Тетово информира дека интензивната градежна активност по месноста Бањиче претставува продолжување на делницата до селото Бродец. Станува збор за пат долг 1000 метри со ширина до 6,5 метри и потпорни sидови долги 40 метри. Се најавува поставување јавно осветлување и тротоарите за пешаците долж патот.

Овој пат е продолжение на реконструкцијата на првиот дел од патот Бањиче и претставува капитална инвестиција во една од најатрактивните рекреативно-туристички места на општина Тетово.Општината предвиде и дополнителни проекти кои ќе влијаат на модернизација на инфраструктурата, како и на афирмацијата на овој рекреативен и атрактивен дел на Тетово, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Патот од Тетово долж реката Пена до месноста Бањиче се користи од граѓаните за рекреација, пешачење и трчање.  На неколку места постојат потпорни ѕидови кои се во опасност од паѓање поради ерозија на земја.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија