Утрински Весник
Свет

Грабеж во Калифорнија, украден накит во вредност од 10 до 100 милиони долари

Крадци во Калифорнија украле накит и скапоцени камења вреден повеќе милиони долари откако упаднале во безбедносно возило без надзор, кое застанало на паркинг додека се враќало од саем, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Грабежот се случил во Јужна Калифорнија, соопштија властите, откако двајца вооружени чувари се оддалечиле.

Приколката, која и припаѓала на безбедносна компанија, патувала од изложба за накит во заливот Сан Франциско до Пасадена на друг настан.

Не е јасно дали осомничените го следеле возилото на патот долг 600 километри или го пресретнале возилото на паркинг, изјави Мајкл Милески, наредник на шерифот од Лос Анџелес.

Работниците од обезбедувањето го пријавиле грабежот околу 2 часот по полноќ на 11 јули, откако забележале дека е скршена бравата на приколката, изјавил Милески.

Засега не е јасно колку време чуварите го оставиле возилото без надзор на бензинската пумпа.

Загуба од повеќе од 100 милиони долари пријавиле 18 сопственици на накит, додека од компанијата за обезбедување изјавиле дека украдените предмети вредат помалку од 10 милиони долари, според тамошните медиуми.

„Соработуваме со органите на прогонот и целосно ќе им ја надоместиме вредноста на имотот што им е украден на нашите клиенти, согласно условите од договорот“, се вели во соопштението.

Бренди Свонсон, директор на Меѓународниот саем, рече дека продавачите кои изложуваат на изложби недоволно го осигуруваат накитот поради високите суми.

„Тие се уништени. Некои од овие луѓе го загубија целиот свој живот“, изјавил Свонсон.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија