Утрински Весник
Македонија

ГП „Богородица“ пуштен за транзит на странци, ги враќаат од грчка страна

На Богородица и Табановце се чека од 30 до 45 минути

Гевгелија, 15 јуни 2020 (МИА) –  Граничниот премин Богородица од денеска официјално е отворен само за транзит  на странци со што е забележано поголемо присуство на возила кои без проблем ја минуваат нашата граница, но се враќаат од страна на грчките и полициски царински службеници затоа што грчката копнена граница останува затворена за сообраќај до 30 јуни, изјавија за МИА од дежурната служба на ГП Богородица.

Од кај нас во Грција без проблем може да влезат само итни случаи со соодветни документи. За туристи официјално ќе биде дозволен влез од 1 јули.

Нашата Влада на завчерашната седница донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на земјава. Со него се  утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, да ги користат  гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.

-Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамки на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.им/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!