Утрински Весник
Свет

Го украле дневникот на ќерката на Џо Бајден, им се заканува 5 години затвор

 

dobivaj vesti na viber

Двајца жители на Флорида се изјаснија за виновни за кражба на личен дневник и други предмети на Ешли Бајден – ќерката на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопшти американското Министерство за правда.

Ејми Харис (40) од Палм Бич и Џонатан Курландер (58) од Јупитер, Флорида, се изјаснија за виновни за заговор за извршување на меѓудржавно транспортирање на украден имот, што предвидува максимална казна од пет години затвор.

„Нејзиниот имот го продадоа на организација во Њујорк за 40.000 долари, па дури и се вратија за повеќе кога ги прашаа. Харис и Курландер сакале да профитираат од кражба на имот на друго лице, поради што се обвинети за федерално кривично дело“ – додаде Министерството за правда.

Ешли Бајден се иселила од куќата на пријателка во Делреј Бич, Флорида во пролетта 2020 година, каде што оставила дневник, даночни документи, дигитален уред со семејни фотографии, мобилен телефон и други предмети, соопштија обвинителите.

Обвинителството додава дека обвинетиот Харис потоа се вселил во собата во која живеела Ешли, крадел предмети, стапил во контакт со Курландер, кој потоа го организирал транспортот и продажбата на предметите во њујоршка организација која себеси се смета за новинар.

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО