Утрински Весник
Македонија

Гости во скопски локал со исклучени светла се криеле од инспекторите, во Чаир газда сам ја тргнал пломбата на објектот

Гости во скопски локал со исклучени светла се криеле од инспекторите, во Чаир газда сам ја тргнал пломбата на објектот

Инспекциите во Скопје вчера затвориле четири објекти – три локали кои работеле по 21 часот, а интервенирано е и во јога-студио каде што казната не е за пречекорување на работното време, туку за групирање повеќе луѓе на едно место.

Како што денеска соопшти, Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат, трите угосителски објекти биле фатени дека работат во 23, 23.30 и 24 часот, а кај еден имало и кинење на претхофно поставената пломба пред да истече законскиот рок.

„Станува збор за објект во Чаир, кој повторно е затворен, направен е записник и поднесена е кривична пријава за кинење службен печат од институција“, рече Пауновски.

Според директорот на пазарата инспекција, голем број угостителски објекти низ цела земја не ги почитуваат мерките и работат после дозволеното време.

Тој раскажува дека има ситуации каде објектите се заклучуваат, се гаси светлото и гостите седат во мрак, а притоа се служат пијалоци и храна.

Таков случај имало синоќа со кафулето „Три кичен бар“ каде гости имало околу 22.30 часот. Слично сценарио се случувало и со „Станица 26“ локал во непоследна близина на „Три кичен“. Гости по 23 часот вчера имало и во кафулето „Мош“.

Пауновски вели дека проблеми имаат и со асистенцијата од некои полициски екипи кои во одделни случаи ги штитат сопствениците на локалите.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег