Утрински Весник
Македонија

Гостивар – продажбата на курбани е дозволена само кај сточниот пазар

Гостивар – продажбата на курбани е дозволена само кај сточниот пазар

Општина Гостивар соопшти дека продажбата на курбани се дозволува само кај сточниот пазар.

„Со цел да се зачува чистотата и да се стави ред во продажба на курбани, Општина Гостивар во соработка со Претпријатието Прогрес пазари, како локација за продажба на бајрамските курбани, како локација го одреди Сточниот пазар во населба Фазанерија“, соопшти Оштината.

Наведената локација може да се користи без надоместок, а продажбата на курбани вон назначената локација е строго забранета.

Од Општината истакнуваат дека комуналниот инспекторат ќе биде активен на теренот и ќе преземе соодветни мерки против прекршителите на законот за јавна чистота.

Можете да прочитате

31 годишен наставник од Битола осомничен за детска порнографија

Владата го уништува средното земјоделско училиште во Битола, велат од Левица

СДСМ: ВМРО-ОКГ и Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата