Утрински Весник
Македонија

Гостиварската болница со нова шема за работа

Гостиварската болница со нова шема за работа

Гостивар, 6 април 2020 (МИА) – Медицинскиот персонал во гостиварската болница ќе работи во еднонеделни смени. Новата мерка која болничката управа ја презеде треба да спречи затворање на одделенија при случај на појава на инфицирани со Ковид19.

За да се обезбеди непречена работа, раководството на општата болница „ Др Ферид Мурад“ од денеска па во наредниот период спроведува нов принцип на работа по одделенијата.

– Станува збор за вонредна мерка со кои ќе ги заштитиме и вработените. Работата на одделенијата ќе се одвива во групи. Па така, една група ќе биде на работа една недела, а втората ќе биде во резерва. Тие меѓусебно на дневна основа нема да контактираат. Ова е важно доколку дојде до инфекција на некој од вработените, да не се соочиме со затворање на одделение и пациентите да останат незгрижени, изјави Јакуп Јакупи директор на болницата.

Влезот во болницата со воведувањето на посебните мерки е ограничен, а се вршат епидемилошки анкети и мерки за дезинфекција.

Општата болница е најголемата здравствена установа со над 500 вработени и пружа услуги на граѓаните од гостиварскиот регион. згм/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници,

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!