Утрински Весник
Македонија

Гостиварската болница доби донации во кревети, постелнина и стерилизатор

Гостиварската болница доби донации во кревети, постелнина и стерилизатор

Гостивар, 4 јуни 2020 (МИА) – Гостиварската општа болница „д-р Ферид Мурад“ денеска доби три донации во кои имаше десет современи кравети, комплети со постелнина и стерилизатор со УВ зраци. Раководството на болницата на приемот на опремата најави дека ќе бидат ставени во функција многу брзо и дека тие се добредојдени во овој период.

Директорот Јакуп Јакупи искажа јавна благодарност до донаторите кои, како што рече, го направиле овој ден, ден на донации.

– Компанијата Магам инг ни донира десет современи кревети со електрична контрола кои ни беа неопходни и ќе ни користат многу, а меѓу другото и 950 литири дезинфекциска течност. Значајна донација добивме и од соработката на хуманитарната организација „Дора“ и компанијата Кипер. Тие денеска доставија триста комплети со ќебиња перници и постелнина и исто толку пешкири, изјави Јакупи.

Директорот на болницата искажа задовослтво и од донацијата на Меѓународниот центар за мир и толеранција која со посредство на професорот Фадил Зендели, доскорешен пратеник обезбеди УВ стерилизатор. Овој апарат има  капацитет да стерилизира просторија од 45 квадратани метри за 15-тина минути, а како што рече Јакупи ќе биде многу корисно во услови кога институцијата спроведува мерки за заштита од корона вирусот.згм/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен косовски државјанин баран од Интерпол на ГП Богородица

Муцунски очекува инцидентот со Вјоса Османи мирно да се реши

Приведен крадец во Куманово – 24info.mk